Лазаревац, 26.октомври 2015 (ИНПРЕС)- Осумдесетгодишна пациентка во Лазаревац претепала физиотерапевт.
Се работи за Марко Цветковиќ, вработен во Здравствениот Дом во Лазаревац. Старицата го удирала по главата 33-годишниот вработен, на 20 октомври, додека тој бил прва смена.
Таа се изнервирала бидејќи помислила дека физиотерапевтот во ординација преку ред викнал друга пациентка. Таа прво се скарала со него, а потоа започнала да го удира по глава.
– Бабата влезе и почна да го удира. Беше мала по раст но добро му се нафрли, вели пациент кој бил сведок, за српскиот Курир.
Марко е шокиран. Вели дека таа пациентка кај него доаѓа со години и може да му биде баба. Не знае зошто толку се изнервирала кога не ставил во ординација никој преку ред.(Крај)
извор:Курир.рс фото:архива