Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ (Фото/Видео)

Отворен ден во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ (Фото/Видео)

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 22. мај 2023 (ИНПРЕС) – Во рамки на одбележувањето на патрониот празник во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ се одржа отворен ден.

Во училишниот двор се одржа саем на компании, каде се претставија неколку виртуелни компаниии создадени од самите ученици презентирајќи бизнис идеи, а учествуваа и 20-на компании од реалниот сектор што се соработници на училиштето, каде учениците посетуваат пракса.

https://www.youtube.com/watch?v=ZLnD23Bhg1M

– Со ова сакаме да им возвратиме на компаниите да се промовираат тука кај нас, да им се заблагодариме за соработката штоја имаме во текот на целата година, што им овозможуваат на учениците да стекнат и практично знаење, истакна директорот на училиштето Ристе Јанкоски.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Покрај тоа деветтоодделенците имаа можност да се запознаат со условите за школување како и изборот на профили што се нудат во ова училиште.

– Располагаме со 152 слободни места, имаме една медицинска паралелка, потоа насоките е-трговија и дигитален маркетинг економски техничар и две дуални паралелки за оваа година од економски техничар, лани имавме една, оваа година две паралелки. Учениците во дуалните паралелки добиваат стипендија во висина од 3.500 денари за период од 9 месеци, додава Јанкоски.

Нема достапен опис

Директорот Јанкоски истакна дека во текот на оваа година се реализирани бројни проекти од реконструкција на училиштето, нова фасада, обновен е системот за греење, поставена е хидрантска мрежа, дворот е соодветно партерно уреден и подигната е безбедноста во самото училиште. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)
Next Јанкоски: Со новиот економичен систем на греење со топлотни пумпи СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ е чекор понапред кон енергетски ефикасно училиште

Слични вести

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија
1 min read

Мултикултурен настан и отворен ден утре во охридската гимназија

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

Дел од централното градско подрачје денеска без вода поради сервисирање на мрежата

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“ 1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“
1 min read

1100 деца од 5 држави учествуваа на 15. пролетно издание на детскиот турнир во фудбал „Фер Плеј куп“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.