Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Отворен нов прифатен центар за бегалци во Грција

Отворен нов прифатен центар за бегалци во Грција

Атина, 28. декември 2015 (ИНПРЕС) – На грчкиот остров Лезбос е отворен нов голем прифатен центар за бегалци со капацитет од 3.000 лица, објави електронското издание на атинскиот весник „Експрес“.

Според истиот извор, покрај основиот капацитет, во вонредни околности во центарот може да се обезбеди сместување за уште 2.000 бегалци. Во моментов на Лезбос престојуваат околу 7.500 бегалци и илегални имигранти, од кои секојдневно по околку 3.000 со фериботи се пренесуваат до Пиреја, но на нивно место доаѓаат нови, кои невообичаено топлото време за овој период од годината го користат за масовно преминување со чамци и бродови од турскиот брег до островот. Според податоците на Грчката крајбрежна стража, оваа година од Турција до грчките острови во Егејското Море пристигнале 805.000 имигранти, што е четири пати повеќе од лани. (Крај)

извор: Р.С.Европа фото: архива

Post navigation

Previous Балканска планинска авантура помеѓу Македонија, Албанија и Косово
Next Ѓукановиќ покрена проверка на довербата во Владата

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.