Скопје/Тирана, 28. декември 2015 (ИНПРЕС) – Балканска планинска авантура е новиот туристички производ во понудата за активен одмор.
Преку 37 обележани патеки на планините од кои 8 прекугранични на туристите ќе им се овозможи доживување во трите држави Македонија, Албанија и Косово. Патеките можат да се користат како еднодневни тури или да се комбинираат во повеќедневен одмор. Во производот се вклучени и сместувачки и угостителски објекти вдолж патеките како и места од интерес поврзани со богатото културно и природно наследство на регионот.
Покрај бележење на патеките ќе се реновираат 8 селектирани објекти а 15 млади имаа обука за професионални водичи во планина.
Овој туристички производ на пазарот ќе се промовира преку водич, 6 мапи за патеките поделени по планинските масиви, телефонска апликација за Андроид и веб страна и има за цел потикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. (Крај)
извор: МИА фото: архива
