Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

1 min read
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

Охрид, 11. септември 2023 (ИНПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат денот кој не потсетува на страдањето на Свети Јован, кој е наречен уште и кум Божји. Овој ден во верскиот календар е обележан со црвени букви, а исто така се налага пост, без разлика на кој ден во неделата е.

Страдањето на Јован Крстител се случило за време на царот Ирод Антипе, кој бил син на Ирод Постариот, убиец на витлеемските деца родени за време на Исус Христос.

Тој Ирод бил оженет со ќерката на арапскиот кнез Арет. Тој ја избркал својата законска жена и си ја зел за љубовница Иродијадина, жената на својот брат Филип.

Против ова безаконие се јавил и Свети Јован, но тоа го чинело темница. Во текот на една забава на која играла Саломија, ќерката на Иродијадина и Филип, паднала и одлука за отсекување на главата на Свети Јован. Со својот стомачен танц Саломија успеала да го маѓепса веќе пијаниот цар, и по наговор на мајка си ја барала главата на Свети Јован на тацна. Царот тоа веднаш и го наредил.

Смртта на Светиот Јован се случила пред големиот еврејски празник Пасу. Царот Константин и царицата Елена изградиле црква во Севастија на 11-ти септември, и поради тоа овој празник е земен за празнување овој ден.

Со примерот на отсекувањето на главата на Свети Јован во текот на забава полна со алкохол и заблуда, се покажува колку човечкиот мозок може да биде зол кога е помрачен со грев.

Кај нас овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи христијански празници, кои нашиот народ посебно ги почитува.

Се избегнува било каква работа, како надвор, така и внатре во куќата. На денешен ден цело семејство пости, а народот се собира во храмовите на литургија.

извор: МИА фото: МИА

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени
Next 22 години од терористичките напади во САД

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.