July 17, 2015

Загреб, 17.јули 2015 (ИНПРЕС) – Загрепскиот Жупаниски суд денеска го отфрли обвинението против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, неговиот соработник Ивица Ловриќ и директорката на „Загрепскиот пазар“, Зденка Палац за проневера на најмалку 308 илјади куни (40.500 евра.)

Хрватската управа за борба против организираниот криминал ги товареше Бандиќ, Ловриќ и Палац дека на здружението „Во име на семејството“ му овозможиле да се стекне со противзаконска корист од најмалку 308.000 куни.(Крај)

извор:РСЕ     фото:архивa