Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Едно лице загина во пожар во стан на познат српски актер

Едно лице загина во пожар во стан на познат српски актер

Белград, 17.јули 2015 (ИНПРЕС) _ Едно лице загина, а две се повредени во пожар што избувна во петок наутро во станот на српскиот актер Љубивоје Тадиќ, во Белград, јавија српските медиуми.

Во пожарот загина М.Т. (57), додека Љубивоје Тадиќ и неговата мајка, кои живееле во станот пренесени се во Ургентниот центар. Актерот се здобил со изгореници од втор и трет степен и се наоѓа на одделението за пластична хирургија, а неговата мајка која е во потешка состојба е на интензивна нега.

„Се беше полно чад, многу се исплашивме“, вели една сосетка на актерот, која открива дека семејството Тадиќ од пред неколку години живее во тој стан.

Пожарот избил на првиот кат и се проширил во соба од 25 квадрати, каде спиела починатата, а лекарите на лице место констатирале смрт.

Сите станари биле евакуирани, а огнот брзо бил изгаснат од пожарникарите.(Крај)

извор:Макфакс фото:Макфакс

Post navigation

Previous Изетбеговиќ: На 22 јули ќе го посетиме Белград
Next Отфрлено обвинението против градоначалникот на Загреб

Слични вести

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Следниот викенд ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“ Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“
1 min read

Се спроведуваат научни истражувања на пештерски организми во НП „Галичица“

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.