November 20, 2015

Сараево, 20. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Убиството на двајцата војници во Босна и Херцеговина е оквалификувано како чин на тероризам.

Убиецот Енес Омерагиќ, синоќа нешто по 22 часот во Рајловци отвори оган во обложувалницата „5+“ по двојното убиство рани неколкумина, а потоа пукаше во автобус на градскиот превоз. По бегството во населбата Сокоље во својата куќа се самоуби со експлозивна направа.

– Пукањето во војниците, пукањето во униформа е пукање во државата Босна и Херцеговина, рече Денис Звиздиќ, премиер на БиХ.

– Атакот и убиството на членови на Босанската армија окафилификувано е како тероризам. Понатамошна истрага ќе ги испита околностите на сторителот, неговите можни соучесници и мотив, истакна Борис Грубешиќ, портпарол на обвинителството на БиХ. (Крај)

извор: focus-news фото: архива