May 8, 2023

Охрид, 8. мај 2023 (ИНПРЕС) – Во среда и четврток, на 10-ти и 11-ти мај во Охрид премиерно ќе биде прикажан првиот игран филм на Елеонора Венинова, „Преекспонирано“.

Филмот е драма делумно инспирирана од вистински настани. Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов.

Проекциите ќе бидат во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 100 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива