Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МОН: На електронската адреса за пријавување насилство стигнаа 10-тина пораки, училиштата мора да бидат безбедна средина за едукација

МОН: На електронската адреса за пријавување насилство стигнаа 10-тина пораки, училиштата мора да бидат безбедна средина за едукација

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Скопје, 8. мај 2023 (ИНПРЕС) – За два дена на eлектронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик пристигнале десетина пораки, информираат од министерството за образование и наука.

Дел од пораките се однесувале на врсничко насилство, како и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст. Додаваат дека секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки.

– Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, поврзани со употребата на социјалните мрежи во училишна средина. Во консултација со експертската заедница, дополнително ќе ги зајакнеме превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите, стои во информацијата од министерството.

Потенцираат дека училиштата мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес и како министерство ќе ѝ предложат на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридска премиера на филмот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова
Next Охридскиот Архив со акција за афирмација на ликот и делото на Наум Џуклески

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.