Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

1 min read
Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Охрид, 22. мај 2026 (ИНПРЕС) – Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски за улогата на Козимо во претставата „Перфектни странци“ ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога на 63. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) што се одржа во Кочани.

– Оваа награда е успех на целиот тим – на сите млади актери-ученици кои во претставата се внесоа со срце, душа и огромна љубов кон театарот. Токму таа искреност ја претвори сцената во емоција што се памети, велат од гимназијата.

Претставата се подготвуваше под режија и менторство на професорката по драмска уметност и македонски јазик и литература, Ирена Бачиќ, но оваа радост денес им припаѓа на сите – на секој ученик што ја остави својата емоција на сцената, на секој поглед полн трема, љубов и храброст. Токму затоа овој успех има посебна тежина – затоа што е создаден со срце. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
Next Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.