Охрид, 12. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Охридските возачи ги наполнија станиците за технички преглед за да ги заменат старите налепници на регистарските таблички со нови, со ознаката „NMK“.
Возачите трпеливо од утринксите часови во колони чекаат во ред да добијат налепници со новата ознака.
Од станиците за технички преглед на возила за Супер радио и InPress велат дека возачот треба лично да дојде со возилото во станицата, а со себе да понесе сообраќајна дозвола. Налепниците се бесплатни, а на таблиците ги аплицираат нивните контролори. Од станиците се пожалија дека ваквата постапка во одредена мера пречи на нивната редовна работа, а тоа е технички преглед на возила.
Како и замената на личните документи и обврската за користење на кодот „NMK“ на регистарските таблички е произлезена од Преспанскиот договор. (Крај)
извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес







