Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 12. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Центарот за научно истражувачка работа при охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ), во соработка со факултетското студентско собрание организира студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности, предвидена за 22-ри мај.
– Целите на студентската конференција се насочени кон истражување и нови знаења, вмрежување на студентите и нивно поврзување со професионалци и истражувачи од секторот за да се согледаат потенцијалните можности за кариера, развивање презентациски вештини, како и развој на иновативни идеи и решенија за услужниот сектор, што ќе доведе до нови производи, услуги или деловни модели, соопштија од ФТУ.
Потенцираат дека услужниот сектор е исклучително значаен за светскиот и националниот економскиот раст и развој, генерира милиони вработување, значително придонесува во БДП, ги поттикнува иновациите и продуктивноста.
Трудовите на теми туризам и угостителство, хотелско-ресторански менаџмент, осигурување, гастрономија, финансии, менаџмент со ризик, царина и шпедиција и меѓународна трговија се поднесуваат до 15-ти мај, електронски на email адреса: conference@ftu.uklo.edu.mk, а ќе бидат прзентирани на денот на одржување на конференцијата.
Настанот е поддржан од Општина Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
