April 5, 2024

Охрид, 5. април 2024 (ИНПРЕС) – Денес почнува плеј-аут фазата во Првата кошаркарска лига.

Охридските кошаркари на домашен терен ја пречекуваат екипата на КК Академија ФМП од Скопје.

– Нашите кошаркари ќе се борат за опстанок во елитата, затоа ве повикуваме во што е можно поголем број да бидете нашиот шести играч на овој меч. Сите заедно за ОХРИД, велат од клубот.

Натпреварот се игра во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива