Охридските основни училишта ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна година
April 29, 2024

Охрид, 29. април 2024 (ИНПРЕС) – Охридските основни училишта веќе ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна 2024/2025 година.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2018 година, односно кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години.
По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31-ви јануари 2025 година, но по претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот/психологот во училиштето.

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените, државјанство, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини, како и потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед, издадени од надлежна институција.

Документите се доставуваат лично во училиштето почнувајќи од вторник 7-ми заклучно со 31-ви мај. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива