Охрид, 3. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Охридските борци во Бразилско Џиу Џицу викендов учествуваа на отвореното интернационално првенство ADCC Macedonia Open, што се одржа во Скопје и постигнаа забележителен успех.
Се вратија со два златни и два бронзени медали. Герасим Колевски и Дамјан Смилески освоија злато, додека Лука Колевски и Лазар Ќулукоски освоија бронза.
– Дел од нашите натпреварувачи за влакно не успеаа да направат подобар пласман, но сите покажаа добра техничка и кондициска подготвеност, што секако ќе се подобрува во иднина, велат од охридскиот клуб „The Strongest“.
На ова натпреварување учество зедоа над 200 борци од 19 земји од светот, вклучително и борци од САД, Канада, Казакстан, од повеќе европски земји и секако нашето балканско опкружување. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







