Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридски занаетчии дел од „Деновите на филигранство и накит“ што на 4-ти мај се отвораат во Скопје

Охридски занаетчии дел од „Деновите на филигранство и накит“ што на 4-ти мај се отвораат во Скопје

1 min read

Охрид, 27. април 2023 (ИНПРЕС) – Охридски занаетчии ќе бидат дел од манифестацијата „Денови на филигранство и накит“ што од 4-ти до 7-ми мај се отвораат во Скопје.

Настанот е во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје, а ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925, полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе. Во секој детал на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот и авторски труд на овие 23 уметници.

МАРТА ПЕЈОСКА: Дизајнерката и архитектка на накит отвори свое  ателје-галерија во Охрид - Stylist

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето во Скопје Сити Мол и ќе се претстават следниве артизани: Катарина Дода – „KD Jewelry“, филигран од сребро, кој досега е претставуван на фестивали за зачувување на традиционалните занаетчиски производи во САД, Аргетина, Шпанија, Оман, Узбекистан, Порторико… и на истите е наградувана за најдобро дизајниран и изработен накит; Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, понесена од геометриските форми и природата создава софистицирано парче накит, направено од различни материјали и техники, а жицата е основа во секое парче; Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“ ќе се претстави со накит изработен од бакар, медицински челик и сребро во комбинација со полудрагикамења; Елена Поповска –„Мај Прешс“, го комбинира филигранот, месингот и бакарот и преку различни техники ја доловува приказната за убавината на природата; Марина и Елена Јакшиќ-„Ателје Сиена“ изработуваат парчиња на рачно насликан накит, залеан со епоксидна смола и рачно изработен накит од сребро и филигран; Александра Атанасовска – „МОRPHO“ е искрен поклоник на филигранот и ги компилира занаетот, мајсторска умешност, културно наследство, создавајќи накит од сребрена и златна испреплетена жица, Маја Донева на уникатен начин ги употребува техниките филигранството и ќустек во своите креации; Миранда Дема – „Coral Jewelry“ е бренд специјализиран во рачно изработување на персонализиран накит од чисто сребро 925; Јулијана Илиевска – „Џули Декупаж“ изработува накит од полимерна глина и епоксидна смола со суви цветови, рачно везени и шиени модни додатоци;

ATELIER MARTA PEJOSKA (Ohrid) - 2023 Qué SABER antes de ir

Архитектот Марта Пејоска, креира во полето на дизајнот и ја користи сребрената жица како медиум. Преку филигранската техника раскажува своја архитектонска приказна, на еден модерен начин;Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO“ изработува сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн. Таа е виолинистка, па низ нежната структура на сребрените жици протекува музика; Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“, секое парче накит е асиметрично, апстрактно, аморфно во изгледот и дезенот, изработен од епоксидна смола и полимерна глина, со специфичен микс на нијанси и бои;  Елеонора Дулјанова –„Small piece of joy“, изработува накит од керамика и кожа. Нејзините дизајни се шаренолика палета од оригинални парчиња; накитот на Марија Таировска – „Marcy’s handmade“ е експлозија од шарени и весели приказни за стилски сонувачи и храбри луѓе; Емина Амит– „Ателје Месечина“, изработува филигран во комбинација со школки,а за дел од накитот користи стари пари-кованици од коисоздава прстени и обетки во комбинација со сребро и камчиња вокомбинација со бакарна или алуминиумска жица; Ивана Кондратенко – „ARTNOK“ ќе се претстави со обетки, кои имаат специфичен дизајн, 2Д и 3Д формат, изработени од полимерна глина и елементи оддрво, стакло и метал; Милена Станковска – „BRUMA“ е спој на филигранска техника и современ израз, збогатен со традиционални и нови техники, кои доаѓаат од далечни краишта, како што се „keum-boo“ и „fold-forming“;според Татјана и Борче Богоевски – „Керакамика“, глината е таа што ја апсорбира убаватаенергија. Користат природни еколошки и безбедниматеријали и создаваат персонализиран накит, брошеви, обетки и ланчиња; Данче Наумоска – „КОППЕР АРТ“ креира накит од бакар и месинг,при што користи разнитехники,како посребрување,патинирање и боење; Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“ создава современи формиод сребро, кои ги комбинира со месинг и бакар, а креациите се поврзани соприродата и животинскиот свет; Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“ ќе се претстави со накит од епоксидна смола и полимерна глина во едноставни, нежни,пастелни комбинации, едновремено и авангардни, живописни и цветни дизајни; Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery”, прави накит од плексиглас и полимерна глина. Секое парче е рачно сликано, каде формата се третира скулптуралнои апстрактно и Ибро Ибраим –„Филигран Ибро“ ќе се претстави со традиционален филигран. (Крај)

извор: stylist.mk/ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Лабораторијата за микробиологија при Центарот за јавно здравје ќе работи и во сабота
Next Следната недела ќе се врши земјена дезинсекција против ларви од комарци

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.