Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро на 20 сантиметри под февруарскиот просек

Охридското Езеро на 20 сантиметри под февруарскиот просек

1 min read
Охридското Езеро на 20 сантиметри под февруарскиот просек

Пештани плажа Охридско Езеро

Охрид, 3. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просечното за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) нивото е на кота од 693,19 м.н.в што е за 20 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 9 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9 степени и е за 2,5 степени повисока од просечната.

Од втората половина на јануари забележливо е намалување на нивото на водата во Охридското Езеро, а тој „тренд“ продолжува и понатаму.

Колку за споредба, минатата година овој период езерскиот водостој беше минимално под просечниот.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Времето ќе биде променливо облачно, денеска со повремен локален дожд, а во вторник поради продор на постудена воздушна маса со локален слаб снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous ООУ „Григор Прличев“ во четврток ќе го одбележи патрониот празник
Next Опожарено возило на улица „Егејска“ во Охрид

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.