Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид во декември 2025 го посетиле 6.052 странски туристи, најмногу од Србија, Бугарија, Грција и Германија

Охрид во декември 2025 го посетиле 6.052 странски туристи, најмногу од Србија, Бугарија, Грција и Германија

Охрид во декември 2025 го посетиле 6.052 странски туристи, најмногу од Србија, Бугарија, Грција и Германија

Охрид, 11. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на месец декември 2025 година туристички Охрид го посетиле вкупно 12.342 гости, од кои 6.290 биле домашни, а 6.052 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 22.767. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Србите – 1.668, по кои следуваат гостите од Бугарија 851, Грција 706, Германија 690, Турција 549, Франција 208…

На ниво на државата, Република Македонија во декември 2025 ја посетиле вкупно 59.521 туристи, од кои 21.815 биле домашни, а 37.706 странски. Остварени се вкупно 112.001 ноќевања.

Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 %, кај домашните туристи е забележано намалување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %. Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.8 %, така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 6,4%. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во петок панел дискусија за дивите депонии во Охрид
Next Претставата „Генијална идеја“ во петок на репертоарот на Народен Театар Охрид

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.