Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани
Охрид, 15. април 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на февруари оваа година, туристички Охрид го посетиле вкупно 8.594 гости, од кои 4.160 биле домашни, а 4.434 странски.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 17.314. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Грците – 860, по кои следуваат гостите од Србија 621, Франција 369, Кина 338, Германија 318, Црна Гора 298…
На ниво на државата, Република Македонија во февруари годинава ја посетиле вкупно 48.654 туристи, од кои 15.845 биле домашни, а 32.809 странски. Остварени се вкупно 94.652 ноќевања.
Вкупниот број на туристи во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 6 %, кај домашните туристи има зголемување за 5.1 %, а кај странските има зголемување за 6.5 %. Вкупниот број на ноќевањата во анализираниот период е намален за 1.6 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има намалување за 2.6 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
