Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на само сантиметар над априлскиот просек

Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на само сантиметар над априлскиот просек

1 min read
Се намалува нивото на Охридското Езеро, моментално е на само сантиметар над априлскиот просек

Охрид, 15. април 2026 (ИНПРЕС) – Продолжува да се намалува нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,58 м.н.в, што е за 1 сантиметар над просечното ниво за овој месец (693,57 м.н.в) и 48 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Константно намалување на езерскиот водостој се бележи од почетокот на месецов.

Во првата половина на минатиот месец  езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување. Последнава недела се бележи пад од цели 6 сантиметри.

Во Охрид денес претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17 степени.

– Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер кој денес долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Проф. д-р Наумов за InPress: Приоритет е создавање на локална туристичка организација која би ја обединила и ревидирала туристичката понуда
Next Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.