Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 23. август 2023 (ИНПРЕС) – Од сабота, 26-ти август, Охрид ќе биде домаќин на екипниот шампионат на Република Македонија во шах во машка и во женска конкуренција.
На 31. издание на шампионатот ќе се натпреваруваат екипите на Алкалоид, Прилеп, Гамбит Ассеко СЕЕ, Куманово 1, Гостивар и Анпасан СЕШ, а ќе играат и две нови екипи: Пелагон од Прилеп и Шкупи од Скопје, кои минатата година се квалификуваа како најдобри во натпреварите од Втората лига.
Екипните шампионати ќе се играат според Бергеровиот систем, односно на секој од нив ќе настапат вкупно осум екипи и ќе се играат седум кола (секој против секого). Притоа, во машка конкуренција екипите ќe настапат на шест табли (со исто толку резерви), додека, во женска конкуренција екипите ќe настапат на четири табли (со две резерви).
Турнирот ќе се одржува во хотелот „Метропол“ во Охрид. Партиите од редовните кола ќе започнуваат секој ден од 16:00 часот. Последното коло, што ќе биде на програмата на 1. септември ќе започне од 10:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
