Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид ја заврши 2023 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е – 51

Охрид ја заврши 2023 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е – 51


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 28. февруари 2024 (ИНПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2023 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 116, а починале 167 лица, односно се бележи прираст од – 51.

И Дебрца бележи негативен прираст, се родиле само 5 бебиња, а починало 21 лице. Соседна Струга, пак, бележи позитивен прираст од 4. Регистрирани се 106 новороденчиња, а починале 102 лица.

Лани во Охрид биле склучени 309 бракови

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 85 двојки, што е речиси двојно помалку во однос на третиот квартал, а имало 18 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 86 бракови и 21 развод. Во Дебрца во последните три месеци од минатата година имало два склучени бракови и исто толку разводи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“: Да престане палењето на контејнерите и уништувањето на кантите за отпадоци
Next Манифестација „Ликот и делото на Тоше Проески“ денес во ОМУ „Методи Патче“

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.