Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид ја заврши 2025 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е – 46

Охрид ја заврши 2025 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е – 46

1 min read
Охрид ја заврши 2025 година со негативен природен прираст, во четвртиот квартал е – 46

Охрид, 6. март 2026 (ИНПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2025 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 70, а починале 116 лица, односно се бележи прираст од -46.

И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 4, а починале 6 лица. Струга пак во четвртиот квартал бележи позитивен прираст, се родиле 68, а починале 59 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 46 двојки, а имало 22 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 41 бракови, а нема евидентирани разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови, а имало 2 разводи.

На државно ниво во четвртиот квартал имао 3 842 живородени деца, а починале 4 798 лица, со што се бележи негативен прираст од – 956. Во анализираниот период споредено со истиот од 2024 година се бележи намалување на бројките на склучени бракови и разводи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Жителите на „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“, „Карпош Војвода“ и бул.„Туристичка“ неколку часа без вода
Next Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Слични вести

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници
1 min read

Аеродромите во Охрид и Скопје меѓу најбрзо растечките во Европа, до мај опслужени 1,6 милиони патници

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.