Струга, 6. март 2026 (ИНПРЕС) – Два значајни проекти се се во фаза на реализација во Општина Струга.
На терен се реализира изградба на модерен водоводен систем, инвестиција во вредност од 90 милиони денари, со која се врши замена на старите азбестни цевки со безбедни и современи материјали. Надлежните велат дека овој проект ќе обезбеди постабилно водоснабдување, намалување на загубите и подобар квалитет на водата за граѓаните. Во моментов се реализирани над 50% од проектот, а работите од првата фаза се очекува да завршат пред почетокот на летната сезона.
Покрај тоа, работите на колекторскиот систем Радожда – Калишта продолжуваат според предвидената динамика. Од Општина Струга велат дека зафатите се значајна инвестиција за заштита на Охридското Езеро и одржлив развој на регионот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
