March 13, 2024

Скопје/Охрид, 13. март 2024 (ИНПРЕС) – Охридскиот бармен и коктел мајстор Даниел Новиќ освои награда за најкреативна декорација во подготовка на коктели на 15-то Државно првенство на бармени што се одржа во Скопје.

На првенството учествува 26 бармени од цела Македонија, кои пред жирито ги покажуваа своите квалитите и способности.
За првпат годинава се одржа „Скопје бар шоу 2024“, во организација на Здружението на бармени на Македонија, во чии рамки беше и Државното првенство.

– На првенството имаше 26 учесници, а јас успеав да го добијам признaнието за најкреативна декорација во категоријата long drink. Коктелот го нареков „Ивана“ посветено на мојата понежна половина. Се состои од џин, корлат од шипка со дива роза, мараскино, свеж сок од грејпфрут, сируп од лаванда и pink soda grapefruit, вели Новиќ за Супер радио и InPress.

Ова е само продолжение на неговите успеси на натпревари од ваков тип. Според Новиќ, ваквите натпреварувања се одлична можност коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива