Охрид, 31. август 2023 (ИНПРЕС) – На 30-ти август 2023 година, во 19:10 часот во СВР Охрид, 38-годишна жена од Охрид пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг.
– Тој на овој начин постапил спротивно на Решението од Основен суд Охрид од 8-ми март 2023 година со кое биле изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид фото: ИнПрес








