September 19, 2014

Тирана, 19. септември 2014 (ИНПРЕС) – Во време на зголемување на насилството во Блискиот Исток, Папата Франциск, утре ќе допатува во Албанија.

Папата во Албанија ќе зборува за верска толеранција во меѓународната мобилизација против џихадската група Исламска држава. По враќањето од Јужна Кореја во август, папата ја пофали албанската влада на националното единство како модел на соживот на муслиманите, православните и католиците. (Крај)

извор: Хина фото: архива