Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Папата Фрациск: Нема оправдување за употреба на религијата за насилство

Папата Фрациск: Нема оправдување за употреба на религијата за насилство

1 min read

Тирана, 21. септември 2014 (ИНПРЕС) – Папата Франциск, кој пристигна во 11-часовна посета на Албанија, го пофали мирниот соживот меѓу сите вери во земјата и посочи дека „никој не треба да ја користи религијата како изговор и оправдување на насилството“.

– Никој да не помисли да го стави Бог како штит, кога планира или врши акти на насилство. Никој да не ја користи религијата како оправдување за сопствените активности кои се во спротивност со достоинството на човекот и основните слободи, рече папата. Според него албанскиот политички систем и соживотот меѓу религиите, може да послужи како образец за многу други земји.

Поглаварот на римокатоличката црква особено го пофали однесувањето на албанските политички и верски водачи.

– Атмосферата на почит и меѓусебна доверба меѓу католиците, православните и муслиманите е драгоцено добро за земјата и има посебно значење во нашата епоха, истакна тој. Според него вистинското религиозно чувство е „изопачено од екстремистичките групи кои ги искривуваат и инструментализираат разликите помеѓу различните вери и ги претвораат во опасен фактор за спротивставување и насилство“. (Крај)

извор: АФП фото: АП

Post navigation

Previous Македонија, Србија и Босна се безбедни земји, нема повеќе барања за азил во Германија
Next Венизелос: Во Грција не се обучуваат џихадисти

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.