Охрид, 22. август 2023 (ИНПРЕС) – Почетокот на социјално едикативниот дел од Ohrid Water Festival ни беше потврда дека на Охрид одамна му требаше ваков фестивал, напиша на Фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.
Не го крие задоволството дека уште од самиот почеток на фестивалот охриѓани и гостите имаат позитивни впечатоци.
Покрај забава и натпреварувачки дух, дел од настаните имаат и хуманитарен карактер, па така, финансиските средства собрани од котизација на учесниците на Водените лудории беа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци“.
Наша задача е од година во година овој фестивал да го надградуваме и развиваме во убава традиција на Охрид, вели Пецаков. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
