Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Победа за Христијан Стојаноски на 5. коло од Првата и младинска боксерска лига во Куманово

Победа за Христијан Стојаноски на 5. коло од Првата и младинска боксерска лига во Куманово

1 min read
Победа за Христијан Стојаноски на 5. коло од Првата и младинска боксерска лига во Куманово

Куманово/Охрид, 11. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Продолжуваат успесите на охридските боксери од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“.

Во најдобро светло се покажаа и на 5. коло од Првата и младинска лига, што во организација на Националната боксерска федерација се одржа во Куманово. Боите на Охрид ги бранеа Христијан Стојаноски, Михаил Аврамоски и Петар Трајчески.

Стојаноски во јуниорска категорија го совлада противникот со прекин во првата рунда, додека Аврамоски и Трајчески имаа воведни борби.

Охридските боксери се сѐ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. Наум Стојаноски, Енис Алиу и Димитар Ѓорески како дел од македонската репрезентација ги продолжуваат подготовките на Златибор во пресрет на Балканското боксерско првенство што од 18-ти до 24-ти ноември ќе се одржи во Лозница, Србија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонија во септември ја посетиле 101.664 странски туристи, најмногу од Турција и Србија
Next Во четврток ќе се одржи 48.седница на Советот на Општина Охрид

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.