Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Повлечени измените на Законот за заштита на културно наследство, поминаа во прва фаза останатите 8 закони за олеснета изградба на Коридорите 8 и 10д

Повлечени измените на Законот за заштита на културно наследство, поминаа во прва фаза останатите 8 закони за олеснета изградба на Коридорите 8 и 10д

1 min read

Скопје, 10. април 2023 (ИНПРЕС) – Пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса, но без коалиционата ЛДП и без пратеничката Маја Морачанин, денеска со околу 55 гласови ги поминаа во прва фаза предложените законски измени на 8 закони со кои треба да се олесни изградбата на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10 д.

На почеток, предлагачите – група пратеници од ДУИ, го повлекоа Предлог-законот за заштита на културно наследство.

Во салата не беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска во првата фаза поминаа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка; Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка; Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделско земјиште, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка;

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

По изгласувањето на потребата за носење на овие закони по итна постапка, ќе се формираат комисии, па расправата кусо ќе оди таму. Потоа пак се враќаат на гласање во пленарната сала.

Автопатиштата се вредни 1,3 милијарди евра, а ќе ги гради „Бехтел и Енка“. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата
Next Поддршка од министерот Бочварски за иницијативата на Герасимовски за конфискација на дивоградбите

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.