Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 7. април 2023 (ИНПРЕС) – Балканскиот рис повторно е регистриран од камерите во Националниот парк „Галичица“.
После педесетина години пауза, балканскиот рис за прв пат беше забележан во НП „Галичица“ во 2020 година. Во последните три години, ова е осмо забележување на рисот на територија на националниот парк.
– Поттикнати од неговото присуство, НП „Галичица“ заедно со МЕД/MES, во 2021 и 2022 година спроведоа мониторинг за утврдување на бројност на популации на срна и дива коза на територијата на паркот. Тоа се видови кои претставуваат омилена храна на балканскиот рис. Во периодот кој следи, ќе бидат поставени дополнителни камери, со цел полесно утврдување на вкупната бројка на единки на балкански рис и други крупни цицачи. Секако, нема да изостанат ниту мерките за заштита на живеалиштата на балкански рис и директно спречување на криволов во НП „Галичица“, информираат од установата.

На Балканот се проценува дека има уште 40-на возрасни единки на Балкански рис, кој според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) е животно со критично загрозен статус. Меѓу главните причини за неговото исчезнување е криволовот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
