April 18, 2024

Лион, 18. април 2024 (ИНПРЕС) – Два германски и по еден француски и шпански клуб обезбедија пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите.

ПСЖ, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Реал Мадрид излегоа подобри во дуелите со Барселона, Ателетико Мадрид, Арсенал и Манчестер Сити.  Полуфинални двојки се ПСЖ и Борусија Дортмунд, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Домаќини на првите натпревари ќе бидат германски клубови, додека реванш натпреварите ќе се играат на „Паркот на принцовите“ во Париз и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Полуфиналните натпревари се закажани за 30-ти април и 1-ви мај, а реваншите на 7-ми и 8-ми мај. Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.

Финалето на Лигата на шампионите е на 1-ви јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива