July 25, 2015

Белград, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Ѕвездата на српскиот филм „Парада“ Горан Јевтиќ ќе се најде пред суд поради обвинение дека минатата година силувал малолетник.

Како што пишува српската новинска агенција „Танјуг“ Основното јавно обвинителство во Сомбор започнало постапка против 37-годишниот Јевтиќ под сомнение дека минатата година силувал малолетник во тој град.

Јевтиќ се гони за две кривични дела: обљуба врз немоќно лице, за кое е предвидена казна од две до десет години, како и за кривично дело недозволени полови дејствија, за кое може да заработи парична казна или затвор до три години, пишува српската новинска агенција. (Крај)

извор: Нетпрес фото: архива