Загреб, 25. јули 2015 (ИНПРЕС) – Хрватската влада и испратила на Европската комисија и Арбитражниот суд за граниќниот спор со Словенија писмо со детали поврзани со аферата „арбитража“.
Скандалот избувна во средата откако хрватските медиуми објавија транскрипти кои покажуваат дека словенечки судија од Арбитражниот суд и словенечка дипломатска претставничка се договарале за изнесување аргументи и лобирање кај други судии во постапката за границата меѓу Словенија и Хрватска.
Веднаш потоа тие дадоа оставки, а судот соопшти дека постапката ќе продолжи откако ќе се пополни местото на судијата. (Крај)
извор: 24 Вести фото:архива
