Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Попоски: Ќе имаме доста нестабилно лето и без поголеми топлотни бранови (Видео)

Попоски: Ќе имаме доста нестабилно лето и без поголеми топлотни бранови (Видео)

Охрид, 8. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Нестабилното време што го имаме подолг период ќе продолжи и понатаму, рече во гостувањето во емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио метео прогнозерот Славчо Попоски.

Атмосферата ќе биде нестабилна, со честа појава на попладневен локален, на некои места пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

– Поради големата енергија во атмосферата, локлално, процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на невреме со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време и со појава на град, вели Попоски.

За претстојното лето, анализите и прогнозите на Попоски покажуваат дека ќе имаме доста нестабилно лето, како во Македонија така и во регионот.

– Чести врнежи, грмежи, временски непогоди, сé на сé нема да имаме лето како што треба, рече Попоски и додава дека сепак тоа нема да значи дека ќе ги нема препознатливи летни денови, но ќе бидат на периоди и без поголеми топлотни бранови. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14-ти јуни
Next Матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит од државната матура

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.