Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почина Миле Мркшиќ, поранешниот командант на војската на Српска краина

Почина Миле Мркшиќ, поранешниот командант на војската на Српска краина

Белград, 17.август 2015 (ИНПРЕС) – Поранешниот командант на војската на Српска краина, Миле Мркшиќ почина во неделата во затвор во Португалија, каде се наоѓаше по пресудата на Хашкиот трибуна, објави Радио телевизија Србија.

Неговата ќерка, Марија, во писмо до медиумите претходно наведе дека нејзиниот татко од 22. јули се наоѓа во затворската болница, каде било утврдено дека боледува од карцином на белите дробови.

Потпретседателот на владата на Србија, Расим Љаиќ во саботата најави дека на 17. август ќе побара Мркшиќ да биде итно пуштен во Србија на лекување.

Мркшиќ е роден во 1947 година во Вргинмост, а како офицер на ЈНА учествувал во битката за Вуковар во 1991 година а потоа е унапреден во генерал мајор на ЈНА, и во мај 1995 година станал врховен командант на вопјската на Српска краина.

Се пензионирал по поразот во август истата година.

Во 1995 е обвинет пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија како одговорен за масовно убиство на повеќе од 260 лица во Овчара.

Доброволно се предал на Хашкиот трибунал на 15. мај 2002 година истиот ден е
префрлен во притвор.

Судењето почна во октомври 2005 година, а на 27. септември судскиот совет на Хашкиот трибунал го осуди Мркшиќ на 20 години затвор.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous Догодина почнуваат сондажите за гас и нафта крај бугарскиот брег на Црното Море
Next Црна Гора и БиХ наскоро ќе потпишат договор за заедничката граница

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.