Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува кампањата „Ние сме Европа“, опфатен и Охрид, ќе се дебатира на тема туризам

Почнува кампањата „Ние сме Европа“, опфатен и Охрид, ќе се дебатира на тема туризам

Почнува кампањата „Ние сме Европа“, опфатен и Охрид, ќе се дебатира на тема туризам

Скопје/Охрид, 30. август 2023 (ИНПРЕС) – Вечерва од 19:00 часот, на плоштадот Јадран во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија”, на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Во рамки на напорите на Владата за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.

Караванот на кампањата ќе опфати осум градови со повеќе теми и тоа Скопје каде темата ќе биде економија, Струмица – труд и социјална политика, Прилеп – земјоделие, Битола – култура, Охрид – туризам, животна средина, Тетово – млади, Штип – инфраструктура и Куманово – енергетика. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Два дена музичко уживање, време е за Ohrid Jazz Festival
Next Денес „езерско“ дерби на „Билјанини извори“

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.