Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

1 min read
Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

Охрид, 19. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Започнува културно – забавната и спортска програма што ја подготви Општина Охрид по повод 21 јуни – Денот на Охридското Езеро.

Денеска од 10:30 до12:00 часот во детската градинка „Јасна Ристеска“, објект „Централна“, ќе се одржи литературно-едукативниот проект за деца „Раскажи ми за езерото“, а од 11:00 часот ќе се одржи Фестивал на поезијата и културата „Слушни го езерото“ во Библиотека „Григор Прличев”. Вечерва од 19:00 часот на плоштадот „Вангел Наумовски“ (Мини маркет) ќе се одржи „Книжевен хепенинг за деца Охрид 2026“.

Утре од 10:00 часот ќе се одржи едриличарска регата „Заедно за иднината на Езерото“ на плажата „Горица 1“, а од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамки на Balkan music square, концерти ќе одржат ВИС „Билјана“ и Елена Христова-Баклава.

Во недела од 10:00 часот продолжува едриличарската регата, а од до 20:00 часот втора вечер од Balkan music square со  концерт на Владимир Василески Четкар.

Предвидената програма ќе биде заокружена во понеделник, на 22 јуни со креативна детска работилница „Охрид и Охридското Езеро низ детските очи“ и детскиот музички фестивал „Распеано Рибарче“ на плоштадот „Вангел Наумовски“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места
Next Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Слични вести

Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид
1 min read

Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид

„Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности „Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности
1 min read

„Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл
1 min read

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.