Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • По две години грчката ЕРТ повторно во етер

По две години грчката ЕРТ повторно во етер

Атина, 12.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Вработените во грчката телевизија ЕРТ се прегрнаа и во солзи го подготвија првото емитување во етер после две години од укинувањето, кое се лучи во рамките на најстрогите мерки за штедење.

Со интонирање на химната и емитување на исечоци за најзначајните настани и знаменитости програмата беше отворена утринава. Видно потресени водителите на утринската програма ја отворија програмата.
Враќањето на ЕРТ чини 300 милиони евра, а оваа телевизија беше заменета со многу послаба НЕРИТ, што сега ќе биде споена со ЕРТ. Владата на Ципрас најави дека сите 2.500 вработени, што беа прогласени за вишок, вклучително 600 новинари ќе бидат вработени, што ќе чини 30 милиони евра годишно.

ЕРТ беше затворена на 11 јуни 2013 година по што следеа протести на илјадници луѓе на улиците. Повторното отворање на државната телевизија беше еден од приоритетите на владата на Сириза во рамки на напорите за укинување на мерките за штедење наметнати од кредиторите. Ципрас е во Брилес под силен притисок на унијата да ја реши грчката должничка криза.

– Потребни ни се одлуки, нема преговори сега. И мое мислење е дека грчката влада мора да биде, малку пореална, порача Доналд Туск, претседател на ЕУ.

– Мора да се реши ситуацијата додека не стане предоцна, рече Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија.

Порака дека грчката влада мора да ги интензивира преговорите со тројцата кредитори, денеска пристигна и од Ангела Меркел. Кредиторите јасно и предочија на Грција дека мора да ја поправи својата понуда за реформи со чие воведување би добила 7,2 милијарди евра, последната транша помош до крајот на месецов.(Крај)

извор:Телма фото:архива

Post navigation

Previous Синдикатот на државните службеници во Грција стравува од нови рестриктивни мерки
Next Романски министер си поднесе оставка зашто ги навреди жените

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.