Атина, 11. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Синдикатот на државните службеници во Грција и конфедерацијата на блиските до комунистичката партија синдикати повикаа за спроведување на демонстрации во Атина против евентуалното спроведување на нови рестриктивни мерки.
Синдикатите стравуваат дека владата на левичарската партија “Сириза” ќе донесе одлука за нови штедења, за да излезе од тешката финансиска состојба и тоа ќе доведе со деблокирање на последната транша од меѓународната финансиска помош.
Според синдикатите, предлозите на Атина кон доверителите не ги земат предвид потребите на работниците, невработените и пензионерите. (Крај)
извор: AFP фото: архива
