Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид

По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид

По шести пат „Генералка викенд“, ќе се чисти и во Охрид

Охрид, 5. мај 2026 (ИНПРЕС) – Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и годинава во рамки на истата ќе се чисти и во Охрид.

Според досега објавените локации, на 8 мај од 10:00 часот ќе се чисти кај комплексот Св.Наум, а на 9 мај дел од крајбрежјето (Рача) и кај Конгресниот центар. Организаторите велат дека локациите се ажурираат на дневно ниво, па може да има и дополнувања.

Покрај Охрид, ќе се чисти и на повеќе локации во соседните општини Струга и Дебрца, како и во Вевчани.

Целта на акцијата што ќе се реализира во сите општини во Република Македонија е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Од почетокот во 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад за време на „Генералка викенд“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
Next Повторно кружат лажни пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

Слични вести

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

Ракометниот првак во Европскиот Куп ќе се решава на охридски терен

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга „Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

„Фчаршија фест 2026“ во четврток во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.