Охрид, 5. мај 2026 (ИНПРЕС) – Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и годинава во рамки на истата ќе се чисти и во Охрид.
Според досега објавените локации, на 8 мај од 10:00 часот ќе се чисти кај комплексот Св.Наум, а на 9 мај дел од крајбрежјето (Рача) и кај Конгресниот центар. Организаторите велат дека локациите се ажурираат на дневно ниво, па може да има и дополнувања.
Покрај Охрид, ќе се чисти и на повеќе локации во соседните општини Струга и Дебрца, како и во Вевчани.
Целта на акцијата што ќе се реализира во сите општини во Република Македонија е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Од почетокот во 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад за време на „Генералка викенд“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
