Белград, 28. јули 2015 (ИНПРЕС) – Предлогот на српскиот претседател Томислав Николиќ за Косово се уште не е стигнат до министрите во кабинетот, иако тој го испратил до премиерот уште во мај, пишува денеска српскиот весник Вечерње новости.
Изданието коментира дека поминаа два месеци откако Николиќ го направил предлогот што треба да изгради нова стратегија во однос на Косово. Очекувањата се документот да биде разгледан во почетокот на септември. Приоритет за владата во моментов е да се задржи стабилноста на земјата по инцидентот во Сребреница и по намерата на Хрватска да слави годишнината од операцијата “Бура”. (Крај)
извор: Вечерње новости фото: архива