Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер повторно пред охриѓани

Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер повторно пред охриѓани

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 15. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Охридскиот народен театар утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“од 20:00 часот ќе ја игра претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, во режија на Дејана Николовска.

– Во претставата се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидум едноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири-доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и на едно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас. Тој се плаши од ирационалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката, порачуваат од Центарот за култура.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Билетите се продаваат во Центарот за култура по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Билтен на МВР: Приведен крадец во Охрид
Next Изборната кампања за парламентарните избори од 18.април до 6.мај

Слични вести

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Утре велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Следниот петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.