Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца

Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито во делот од трасата низ Општина Дебрца

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Дебрца, 15. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Градежните зафати и активностите на проектот за реставрација на водотекот на реката Сатеска и нејзино пренасочување во природното речно корито во делот на Општина Дебрца се одвиваат согласно предвидената динамика и се во завршна фаза.

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, појасни дека дел од активностите на терен се веќе завршени, а останатите се во завршна фаза, кога станува збор за трасата во рамки на Општината Дебрца.

– Некои од зафатите во рамки на проектот се целосно завршени, како на пример готова е разделната градба на водотекот кај селото Волино, како и таложникот за собирање нанос што го носи реката заедно со преливникот. Во моментов се работи на уредување на речното корито низводно, рече Ногачески за МИА.

Можно е да е слика од дрво, природа и пат

Инаку, станува збор за важен проект за Охридскиот регион како подрачје заштитено од УНЕСКО, што предвидува реставрирање на природното речно корито на реката Сатеска, нејзино враќање кон природниот тек со влив во реката Црн Дрим.

Меѓу другото се спроведуваат активности за враќање на меандрираното корито со продлабочување, вадење на наносот, чистење на коритото од отпад и зеленило, оформување на оштетените насипи на потегот од разделната градба кај село Волино до границата помеѓу општина Дебрца и општина Струга, во должина од 3.382 метри.

На водотекот кај Волино е изградена брана од армирано-бетонска конструкција, со затварачи за регулирање на протокот. Низводно од разделната градба на природното корито на река Сатеска е изграден простор за таложење на нанос, со активен волумен на таложење од 11 640 метри кубни, наменет за зафаќање на количините на нанос што би се транспортирале со реката Сатеска, како и изведба на стабилизациони и каскадни прагови.

Можно е да е слика од 1 лице, небо, планина и природа

Ногачески појасни дека проектот се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, урбанистичко планската документација ја донесе Општина Дебрца. Средствата се обезбедени од Фондот за адаптација во рамките на Регионалниот проект за прекугранично управување со ризици од поплави во сливот на река Дрим.

Според сегашната динамика на извршувањето на работите на терен и договорот со изведувачот ДООЕЛ „Маркоски К 73“ од Струга, се очекува предвидените градежни активности да бидат заокружени наредните месеци.

Решавањето на проблемот со река Сатеска е една од 19-те препораки на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион. Конкретниот проект, што макар парцијално ќе го реши проблемот на реката Сатеска како загадувач на Охридското Езеро, е активност во насока на исполнувањето на препораките за зачувување на заштитениот статус на Охридскиот регион како светско природно богатство. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Врснички едукации за превенција на болести од зависности во охридскиот Црвен крст
Next Три претстави на охридскиот народен театар ќе бидат финансирани од министерството за култура

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.