Скопје, 11. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Продолжен распустот за основците и средношколците, второто полугодие почнува на 23-ти јануари.
Владата на Република Македонија го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18-ти јануари да започне на 23-ти јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.
Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива