Ниш, 31. јануари 2015 (ИНПРЕС) – При вонреден претрес, српската полиција во Ниш, во меѓународниот воз број 292 кој сообраќал на релација Софија – Београд, пронашла вистински арсенал на оружје и муниција.
Истите биле сокриени во системот за греење. Српските медиуми јавуваат дека биле проајдени 19 пиштоли „Екол“, калибар 9 милиметри, четири револвери „Екол“, калибар 9 милиметри и 500 парчиња муниција.
Оружјето и муницијата биле одлично сокриени, а биле пронајдени по анонимна дојава до полицијата. (Крај)
извор: Блиц фото: архива







