Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Распишан Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година

Распишан Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 6. ноември 2023 (ИНПРЕС) – НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша Конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2023 година.

– Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 28-ми ноември. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од Македонија, информираат организаторите.
Заинтересираните автори творбите треба да ги испратат на адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот, нема да бидат земени предвид за наградата.
Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет утревечер повторно пред охриѓани
Next ИЈЗ: Пријавени 45 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Слични вести

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.